Секој трет жител на ЕУ не може да се соочи со неочекувани финансиски трошоци

51

Во Европската унија (ЕУ) скоро секој трет жител не можел да се соочи со неочекувани финансиски трошоци во текот на минатата година, покажуваат податоците на Eurostat.

Меѓу најчестите трошоци со коишто тие не можеле да се соочат, бидејќи не им биле претходно планирани, се поврзани со медицински операции, погреби, замена на апарати за домаќинство или автомобили.

Ако тој процент лани изнесувал 32, врвот бил во 2012-та година, кога дури 40% од жителите на ЕУ не можеле да се справат со непланирани финансиски трошоци.

Најголем удел на луѓето кои не можат да се соочат со неочекуваните финансиски трошоци има меѓу домаќинствата со по едно лице: дури 40% од самците не можеле да се справат со непредвидливи трошоци. Од друга страна, најмал е уделот на домаќинствата со две возрасни лица. Вкупно 25% од нив лани не успеале да се справат со некој неочекуван трошок.

Анализирано по земји, Хрватска со 52% е земја во којашто луѓето најтешко се справуваат со неочекувани трошоци. Потоа следуваат: Латвија (50%), Грција и Кипар (по 48%), Литванија (47%) и Романија (44%).

Фото: Pixabay