Секој втор човек во светот до 2025 година ќе плаќа со својот мобилен телефон

54

Секој втор човек во светот до 2025 година ќе плаќа со својот мобилен телефон, покажуваат податоците од најновите истражувања.

На крајот на минатата година во употреба биле повеќе од 2,8 милијарди дигитални паричници, а се предвидува до 2025 година таа бројка да се зголеми за 74% и да достигне 4,8 милијарди корисници, што е скоро 60% од светската популација.

Најбрзорастечки пазари се Азија, Латинска Америка, Африка и Блискиот исток, каде мобилните парични во голема мера ја заменуваат готовината и картичките најмногу поради попрактичното дигитално плаќање.

Фото: Pexels