Секој втор продаден автомобил во оваа земја е на струја

50

Бројот на новорегистрирани електрифицирани автомобили во Норвешка во 2019 година изнесувал дури 56%.

И покрај растот на производството и продажбата на електрифицирани автомобили (EV –  electric vehicles и plug-in hybrid), на најголемите светски пазари на автомобили и понатаму доминираат модели со SUS мотори (мотори на внатрешно согорување).

Така, според податоците објавени од веб-страницата Statista, во 2019 година процентот на ново регистрирани EV и plug-in hybrid во светот изнесува само 2,6% во однос на вкупниот број нови возила. Истиот извор наведува дека во само осум земји пазарниот удел на нови електрифицирани автомобили надминал 5%.

И додека овој удел во 2019 година во Норвешка достигна дури 55,93%, далеку позади се Исланд со 17,79%, Холандија со 15,01% и Шведска со 11,35%.

Во првите пет на листата е уште и Финска (6,89%). Земји кај кои бројот на ново регистрирани EV и plug-in hybrid минатата година надминал 5% се и Португалија (5,66%), Кина (5,62%) и Швајцарија (5,61%).

На листата топ 10 се уште и Данска (4,17%) и Ирска (4,09%).

Ги следат Австрија, Белгија и Обединетото Кралство, а дури по нив доаѓа Германија, која е најголем европски пазар на автомобили, со само 3,02% од ново регистрираните EV и plug-in hybrid автомобили во 2019 година. Следи Франција со 2,77%, па Јужна Кореја со 2,03%, а дури потоа Соединетите Држави со само 1,93%.

Фото: Pixabay