Секој жител на Црна Гора должи 1.364 евра

16

evra

Вкупната кредитна задолженост на населението на Црна Гора, вклучувајќи ги и кредитните картички, последниот ден на април изнесувала 887,3 милиони евра. Само за кредити, граѓаните на крајот на април биле задолжени 853,2 милиони евра, пишува Побједа.

Ако износот на вкупната кредитна задолженост на физичките лица се подели со бројот на жители, кој според пописот на Монстат од 2011 година е 625.266, доаѓа дека секој граѓанин на Црна Гора кредитно е задолжен 1.364 евра или скоро три просечни плати.

Според податоците на Централната банка на Црна Гора, граѓаните најмногу должат за станбени кредити, 298,2 милиони евра.