Секоја дванаесетта компанија во Германија се плаши за својот опстанок

Секоја дванаесетта компанија во Германија верува дека нејзиниот опстанок е загрозен, а најлоша е ситуацијата во малопродажбата, според извештајот објавен денес од Минхенскиот институт за економски истражувања (Ifo) за април.

Според истражувањето, 8,1 процент од компаниите во Германија оцениле дека се соочуваат со сериозен ризик што го загрозува нивниот бизнис.

Раководителот на истражувањето на Ifo, Клаус Волрабе, изјави дека економската ситуација во Германија останува напната и предупреди дека бројот на банкроти може да остане висок во наредните месеци поради геополитичката неизвесност.