Секоја втора компанија користи социјални медиуми

38

Расте бројот на компании во Европската унија (ЕУ) што користат социјални медиуми. Во текот на минатата година, една од две компании во ЕУ (50%) користеле најмалку еден вид на социјален медиум, што е пораст за 16 проценти поени за разлика од 2014-та година (34%).

Најмногу социјални медиуми користат компаниите во: Малта (84%), Данска (75%), Холандија (74%), Кипар (73%), Шведска (72%), Белгија, Ирска и Финска (по 71%).

Од друга страна, помал интерес за користење социјални медиуми имаат компаниите во: Романија (33%), Бугарија (34%), Полска (37%), Унгарија (38%), Латвија (41%) и Словачка (42%).

За нашата земја последните податоци на Eurostat се од 2016-та година и покажуваат дека 53% од компаниите во земјава користеле социјални медиуми.

Фото: Pexels