Секоја втора заштитна маска доаѓа од овие земји

63

Германија е најголем извозник на медицински производи на глобално ниво, Кина и Сингапур се лидери во извозот на маски и респиратори, а во време на пандемија најмногу се царинат сапуните, покажуваат податоците на Светската трговска организација (СТО).

Вкупниот извоз на лекови, медицинска опрема, производи за лична заштита и потрошен медицински материјали во 2019 година достигна вредно сот 996 милијарди долари, што претставува 6% повеќе во однос на претходната година. Инаку, Германија е најголем извозник, којашто лани инкасираше 136,2 милијарди долари. Потоа следуваат САД со 116,6 милијарди долари, а трета е Швајцарија со 90 милијарди долари извоз.

Вредноста на увозот лани достигна вредност од 1.000 милијарди долари, со што вкупната вредност на глобалната размена на медицински производи во 2019 година достигна од 2.000 милијарди долари.

Кина е на седмо место според извоз на медицински производи, а е лидер во извозот за заштитни маски. Заедно со Германија и САД, тие се производители на секоја втора маска што се наоѓа на пазарот. Сингапур, според СТО, е лидер во извоз на респиратори и вентилатори. Веднаш следуваат САД, Холандија и Кина.

Податоците, исто така, покажуваат големи разлики во царината на различни производи што се важни за превенција и третирање на коронавирусот.

Околу 2,1% е царината за лекови, 3,4% за опрема како што се респиратори, микроскопи и скенери, а 11,5% за производи за лична заштита, како што се маски, ракавици и заштитни очила. Царината на увоз на сапуни е околу 17%, додека во некои земји надминува и 50%.

Фото: Pixabay