Секоја земја си има свој богаташ

66

На сите континенти се распространети 2.095 милијардери, исто како и коронавирусот. Сепак, ниту милијардерите не останаа имуни на оваа пандемија и последиците што ги остава зад себе. Стоте најбогати во светот загубија околу 408 милијарди долари во последните два месеца.

Порталот Howmuch.net направи визуелизација со којашто покажува дека секоја земја си има свој милијардер.

Најбогатите во Северна и Централна Америка се:

Џеф Безос, САД – 113 милијарди долари

Карлос Слим, Мексико – 52,1 милијарди долари

Дејвид Томсон, Канада – 31,6 милијарди долари

Најбогатите во Јужна Америка се:

Џозеф Сафра, Бразил – 19,9 милијарди долари

Ајрис Фонтоба, Чиле – 10,8 милијарди долари

Луис Карлос Сармиенто, Колумбија – девет милијарди долари

Најбогати во Европа се:

Бернард Арно, Франција – 76 милијарди долари

Амансио Ортега, Шпанија – 55,1 милијарда долари

Бити Хајстер и Карл Албрехт, Германија – 33,3 милијарди долари

Најбогатите во Азија:

Џек Ма, Кина – 38,8 милијарди долари

Мукеш Амбани, Индија – 36,8 милијарди долари

Ли Шау Ки, Хонг Конг -28,1 милијарда долари

Најбогатите во Африка:

Алико Данготе, Нигерија – 8,3 милијарди долари

Ники Опенхајмер, Јужна Африка – 7,4 милијарди долари

Насеф Савирис, Египет – пет милијарди долари

Фото: Pixabay