Секојдневни навики што ни го уништуваат видот

91

oko-pexels

Фото: Pexels

Овие неколку навики полека, но сигурно го оштетуваат видот.

Гледање филмови на лаптоп или таблет

Можеби е практично и забавно, но сепак е многу штетно за видот. Мониторот е близу до вас и поради тоа често се јавува и главоболка. Одвреме навреме правете пауза од пет минути и гледајте во далечина.

Одење надвор без очила кои штитат од сонце

Освен што и штети на вашата кожа, УВ зрачењето е опасно и за вашите очи. Не изглегувајте без заштитни очила во летниот период дури и кога е облачно.

Читање за време на возење

Наместо здодевноста од долгото возење да ја “убивате” со читање, најдете нешто друго што ќе ве заинтересира. Рацете за време на возењето се помрднуваат и очите двојно повеќе се заморуваат обидувајќи се да останат фокусирани.

Премалку трепкање пред компјутер

Неретко се случува додека сконцетрирано работите, читате нешто, се опуштате со играње на игри или гледате филм буквално да заборавите да трепнете. Премалку трепкање го суши окото и е причина за појава на пецкање и чешање.

Ако често ги чувствувате овие симптоми земете капки – вештачки солзи и повремено ставајте по некоја капка во очите.

Премалку сон

Познато е дека недостатокот од сон може да биде причина за темни подочници, но тоа може да им наштети и на очите. За време на ноќта очите се одмораат. Ако не им го давате потребниот одмор, може да се појават црвени капилари во нив.