Секторот за забава ќе изгуби 160 милијарди долари поради кризата од пандемијата

26

Според податоците на компанијата Ampere Analysis, што се занимава со анализа на пазарот, глобалниот сектор за забава ќе изгуби 160 милијарди долари (146 милијарди евра) во наредните пет години, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Иако најголемото влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот период, наведува Ampere Analysis во анализата објавена на нивната веб-страница.

“Рекламирањето е најтешко погодено, како на краток рок така и воопшто, но анализите на секторот за забава покажуваат дека области како што е театарот се пропорционално посериозно погодени”, наведува компанијата.

Фото: Pixabay