Сем Бенкмен Фрид осуден за кражба на 10 милијарди долари: Му се закануваат 110 години затвор

62

Поротата во судот на Менхетен го прогласи Сем Бенкмен Фрид за виновен за кражба на 10 милијарди долари од корисниците на неговата крипто берза FTX и виновен за лажење заемодавци и инвеститори, пишува NY Post. Ова е (претпоследниот) чин во падот на еден од најмладите милијардери во светот и, се веруваше, најсветлата ѕвезда на крипто-небото.

Банкмен Фрид, 31-годишен бизнисмен, беше прогласен за виновен по сите 7 точки од обвинението за измама и заговор и создавање шема за изнудување пари од корисниците на берзата FTX, за да ги отплати долговите на неговиот пропаднат хеџ фонд Alameda Research и купуваше луксузен недвижен имот.

Поротата, во која беа вклучени девет жени и тројца мажи, расправаше четири часа пред да донесе одлука.

Пресудата за поранешното „златно момче“ на крипто тргувањето дојде по судењето кое траеше еден месец и една година по распадот на неговите компании во ноември 2022 година, по што илјадници клиенти останаа без начин да ги вратат вложените средства.

Бенкмен-Фрид беше прогласен за виновен по 7 точки од обвинението, вклучувајќи две точки за измама, заговор и перење пари. Конечната пресуда ќе биде изречена на 28 март, а му се заканува затворска казна до 110 години.