Семеен бизнис – кои се предности и недостатоци?

2177

Основна карактеристика на семејниот бизнис се блиските релации меѓу вработените, односно нивните силни роднински врски. Најчесто се работи за мали семејни бизниси кои започнуваат скромно, но во светот постојат такви што прераснале во вистински бизнис империи.

Меѓу основните елементи што го има еден семеен бизнис се: семејна сопственост, контрола или управување од страна на семејството, активно вклучување на членови во семејството и тенденција да се пренесува од една на друга генерација.

Во светот, најстара семејна компанија, што постои и денес, е Hoshi Ryokan од Јапонија. Основана е во 718 година, а денес со нејзе управува 46-та генерација на тоа семејство.

Главни предности кога се води семеен бизнис се: силни семејни врски, добро меѓусебно познавање и комуникација, почитување на семејни вредности, посветеност кон успех поради доброто на целото семејство, долгорочни цели…

Една од главните мани на овој бизнис е тоа што некои лични несогласувања можат да се рефлектираат врз хармонијата во бизнисот. Понекогаш луѓето се презаситуваат едни од други, бидејќи поминуваат многу време заедно, и на работа и дома.

Најважно од сè e да се има јасна цел, заедничка поддршка и уживање во она што се работи. Доколку се појави проблем или несогласување, важно е да се почитуваат семејните вредности и да не се дозволи желбата за поголем профит да ги наруши семејните односи.

Меѓу најпознатите семејни бизниси во светот се:

Motorola – браќата Пол и Џозеф Галвин ја основаат телекомуникациската и електронска компанија во 1928 година.

Koch industries – мултинационална корпорација основана во 1940 година од Фред Коч.

Bechtel corporation – инженерска колмпанија од САД основана во 1898 година од семејството Бечтел.

Walmart – ланец малопродажни објекти на едно од најбогатите семејства во САД – Волтон.

Facebook – најпопуларната социјална мрежа, Facebook, чиј сопственик е Марк Цукерберг, исто така беше семеен бизнис бидејќи беше вклучена неговата сестра, Ренди.

Фото: Pixabay