Семос Едукација, петта година по ред доделува Microsoft и Cisco стипендии во вредност од 1.605 евра односно 1.670 евра наменети за студенти и невработени лица кои сакаат да го искористат летото за стекнување на нови знаења и да ги зголемат своите можности за вработување. Стипендиите се доделуваат во рамки на летните ИТ школи, каде студентите добиваат заокружено знаење од областа на Microsoft или Cisco технологиите, додека работат на реални проекти под менторство на професионалци од познати ИТ компании.
Работата под менторство е и своевидна новина оваа година спроведена од страна на Кариерниот центар на Семос Едукација и им овозможува на компаниите кои ќе се вклучат во овој проект да обезбедат пристап до обучени лица преку непосредна работа со учесниците на летната ИТ школа, како и ексклузивна можност за вршење на директна селекција на најдобрите кандидати.
“Учесниците на летната школа, покрај можноста да добијат бесплатен испит, вредни стипендии, ќе имаат и можност веднаш да се вработат доколку се истакнат во текот на обуките и изработката на проектите.”, изјави Ирена Ивановска, раководител на одделот за ИТ професионалци во Семос Едукација.
Според досегашните искуства, добитниците на стипендии од претходните генерации, сега се веќе вработени и успешни ИТ професионалци кои своето формално образование го имаат надополнето со обуките во Семос Едукација и на тој начин си имаат обезбедено напредок во кариерата.
“Една од најдобрите работи кои можат да Ви се случат во животот е хобито да Ви прерасне во професија. Стипендијата која ја добив ги продлабочи моите знаења и ми даде официјална потврда за нив со потпис од Microsoft. Кратко по завршената обука, со стекнатото знаење се вработив. Сега работам рамо до рамо со искусни професионалци од ИТ индустријата. Искористете ја можноста за стипендија и бидете најдобри во тоа што го работите.”, изјави Александар Бојковски, минатогодишниот добитник на Microsoft стипендија од Семос Едукација.
Тестирањата за стипендиите започнуваат на 8 јуни, а заинтересираните можат да се пријават на следните линкови: Microsoft стипендии и Cisco стипендии.