Сенди ја намали американската малопродажба

10

Ураганот Сенди го намали прометот во американската малопродажба во месец октомври, за прв пат во три месеци. Министерството за трговија објави дека минатиот месец прометот е намален за 0,3%, по растот од 1,3% во септември.

Сенди, ураганот што го погоди густо населениот источен брег на САД, се најде меѓу виновниците затоа што поради него Американците значително помалку купуваа автомобили, и тоа за 1,5%. Но, веќе во ноември се очекува повторно пораст на продажбата на автомобили. Произведувачите на автомобили и трговци проценија дека како последица на Сенди, како старо железо ќе завршат околу 250.000 возила.

Ако се исклучи продажбата на автомобили, тогаш прометот стагнирал во однос на минатиот месец.

Продажбата на облека е намалена за 0,1%, а продажбата на градежен материјал за 1,9%.