Senzati Jet Sprinter е ултра луксузно превозно средство моделирано од комбето на производителот, Mercedes Sprinter, кое е најчест избор на трговците.
Возилото е достапно во четири верзии, но истото може да се направи по нарачка. Senzati Jet Sprinter е така дизајниран за да овозможи патниците да се чувствуваат како да летаат со приватен авион, а истиот може да превезува осум патници.
Според желбите на купувачите возилото може да содржи и приватно купатило, канцелариски простор, систем за забава, мини фрижидер и др.
Седиштата се направени од дупла кожа и имаат електрични потпирачи за глава, систем за масажа и клима. Прозорците се изработени во согласност со конфигурацијата на седиштата, а исто така тука е и двометарскиот сончев кров.
Цените се според нарачката, колку повеќе луксузни елементи и додатоци, толку поголема цена. Најевтиниот основен модел чини 318.578 долари.