Септемвриската инфлација во Германија ќе достигне 3,2 проценти поради скапото гориво

Годишната инфлација во Германија би можела да се искачи во септември на највисоко ниво од крајот на 2023 година и да достигне 3,2 проценти, поттикната од рекордно високите цени на бензинот и дизелот, според анкетата на Ројтерс меѓу економистите објавена денес.

Германскиот завод за статистика Дестатис ќе ја објави првата проценка на инфлацијата за септември во среда, според Виршатфсвое.

Цените на нафтата честопати беа над 100 долари за барел за време на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток во септември, што се одрази на цените на горивата во Германија.