Серијата Game of Thrones на Сплит му носи промоција и 50.000 евра заработка

51

game-of-thrones-season

Со изнајмување на градскиот простор за снимање на популарната серија Game of Thrones, Сплит и градските фирми ќе заработат преку 50.000 евра.

“Градот Сплит е исклучително привилегиран што е избран како дестинација за снимање на исклучително популарна и гледана серија. Би бил среќен да има повеќе вакви проекти и на сите заинтересирани им нудиме гостопримство и соработка”, вели градоначалникот на Сплит, Иво Балдасар, пишуваат хрватските медиуми.

За време на снимањето на серијата, во Сплит престојуваат преку 300 луѓе кои работат на проектот. Пополнети се 15 градски хотели, а ангажирани се околу 600 статисти. Снимањето во Сплит започна на 28 август и ќе заврши на 17 септември, пред да се пресели во Шибеник, а потоа во Дубровник.