Сериозна конкуренција: Disney рекордно до 50 милиони претплати

24

Disney+, новата Disney видео “стриминг платформа”, за пет месеци колку што постои, собра дури околу 50 милиони претплатници ширум светот.

Во изминатите две недели компанијата започна онлајн видео сервис во осум европски земји и Индија, што помогна за брз раст на нови корисници. Само во Индија, Disney+ веќе брои осум милиони претплатници, соопштија од компанијата.

Акциите на Disney, коишто во последните неколку недели паднаа поради затворањето на тематските паркови и одложувањето на бројните премиери, скокнаа по вестите за бројните нови претплатници за дури 8,1 %, на 109,30 долари.

Со стотици милиони семејства ширум светот кои поради коронавирусот се затворени во нивните домови, стриминг платформите бележат голем раст на бројот на корисници.

Disney+ содржи бројни оригинални програми, како што се серијата The Mandalorian, првата играна Star Wars серија во историјата, како и стотици култни филмови и ТВ емисии од трезорот на компанијата.

Дополнителна мамка за претплатниците е секако и цената на месечната претплата, која во САД изнесува прифатлива седум долари, што оваа платформа ја прави многу поевтина од главниот конкурент Netflix.Најголемата светска компанија за забава проектирала 60 милиони до 90 милиони претплатници на Disney+ платформата до 2024 година, што сега се чини лесно остварливо.

Фото:F acebook