Сертифицирана програма за дигитален маркетинг – партнерство меѓу ЦЕЕД Македонија и Маркетинг асоцијацијата на Њујорк

35

ЦЕЕД Македонија со задоволство го најавува партнерството со Маркетинг асоцијацијата на Њујорк (New York Marketing Association), за сертифицирана програма што ќе донесе бројни придобивки и уникатно искуство за членовите на ЦЕЕД Македонија.

“Партнерството со Маркетинг асоцијацијата на Њујорк им дава можност на нашите членови да добијат пристап до најдобрите маркетинг ресурси и знаење и да добијат сертификат од маркетинг асоцијација од светска класа. Поради тоа сме навистина возбудени“, изјави Билјана Дамевска, генерален менаџер на ЦЕЕД Македонија.

Маркетинг асоцијацијата на Њујорк, чие седиште е во центарот на врвната маркетинг елита и најдобрите ресурси во таа индустрија, е водечка маркетинг заедница на страсни, талентирани и инспиративни професионалци и лидери кои имаат задача да поттикнат значајни дијалози за трендовите во бизнисот, како и за стратегии, тактики и технологии.

Оваа маркетинг асоцијација соработува со експерти, за да се создаде уникатна онлајн сертифицирана програма, прилагодена за индивидуални потреби.

Уникатниот модел овозможува програмата да им биде по мерка на искусни маркетинг професионалци кои сакаат да го унапредат и подобрат своето портфолио со знаења преку учество и добивање сертификат.

Програмата не се фокусира само на маркетинг професионалци, туку и на сопственици на бизниси, претприемачи, менаџери на средно ниво и поединци кои се посветени на дигитален маркетинг.

“Нашата цел е преку оваа програма, да им помогнеме на нашите членови да стекнат знаења со помош на напредна едукација и ексклузивно менторство од врвни експерти“, додава Дамевска.

Сите дополнителни информации за сертифицираната програма за дигитален маркетинг, контактирајте ја Биљана Рамљак на 076 496 616 или на bramljak@ceed-macedonia.org или посетете ја интернет страницата.