Сервисирањето и продажбата на неквалитетни производи најголем проблем на потрошувачите

38

griza za potrosuvac

Најголем проблем на кој се пожалија потрошувачите во третиот квартал од оваа година, е сервисрањето и продажбата на неквалитетни производи за кои во Организацијата за заштита на потрошувачите (ОПМ) имало 352 јавувања, соопштуваат од ОПМ.

Најчесто потрошувачите се жалеа за сервисирање на техничките апарати со 35%, а пред се доминираат мобилните телефони, но имало и поплаки за телевизори, лап топ и десктоп компјутери и други видови на технички апарати. Во доменот на поплаки за бела техника, потрошувачите најмногу се жалеа на проблеми со машини за перење, шпорети и рерни за печење.

Од ОПМ забележуваат дека за разлика од претходните статистики, може да се забележи пораст на жалбите на потрошувачите за производи за лична употреба, каде пред се, потрошувачите се жалеле на проблеми при рекламирање на обувки, облека, накит и модни додатоци.

Со 14% се застапени жалбите на потрошувачите за производи во домот, а најчесто за мебел, како и во првото полугодие од 2014.

Во делот на услугите имаше 73 јавувања, очекувано поради летниот период во кој потрошувачите најчесто користат годишен одмор и заминуваат на некое патување, каде што се забележува голем пораст на поплаките за туристички патувања и тоа со 74%. Најчесо жалбите се однесуваат на услугата што ја добиле во хотелот, неисполнети делови од понудата, лажно рекламирање, откажување на патување од страна на туристичката агенција само неколку дена пред патувањето и слично.

Во делот на јавните услуги, најмногу поплаки има за испораката за струја и тоа 55%, а за мобилната телефонија 27%. Потрошувачите често пати укажуваат на тоа дека добиваат паушални сметки за струја кои се повисоки од претходните месеци и се нереални поради тоа што тие месеци за кои е стигната сметката воопшто не биле дома и не користеле електрична енергија. Во делот на мобилната телефонија, потрошувачите се жалеле на превисоки сметки за реализиран интернет сообраќај во роаминг и други непредвидени трошоци.