Сестри од Бугарија патентираа чоколадо со рози

71

cok-rozi

Фото: Rosey’s mark

Сестрите Ина и Росица Паунови од Бугарија, во 2012 година почнаа да ги осознаваат тајните на користењето рози во кулинарството и го создадоа брендот Rosey’s mark. Заедно со шефот Ради Стамболов, во 2014 година почнуваат да произведуваат црно чоколадо со рози, а неодамна и го патентираа. Чоколадото е рачно правено и е прв чоколаден производ со бугарско масло од роза. Подоцна развиваат уште две варијанти од овој производ, млечно и бело чоколадо со рози.

19060038_909372259202216_3736201898884732998_n

Фото: Facebook

Освен чоколади, во своето портфолио имаат и слатко комбинирано со рози и чаеви.

Како што стои на нивната веб страна, мисијата на Rosey’s mark е да ја промовира улогата на розите во храната преку производите, преку серија на активности, развој на авторски рецепти и популаризација на информациите во врска со можностите за користење на розата во современата исхрана.