Шаховница, куна, глаголица, Дубровник, карта на Хрватска – што ќе има хрватското евро

51

Хрватска полека се подготвува за воведување на еврото од 2023 година. Оваа недела гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, го претстави изборот на мотиви што ќе бидат на хрватската верзија на еврото.

Мотивите се објавени на веб-страницата euro.hr, а граѓаните можат да гласаат за мотивот што сакаат да го има на монетата.

Шаховница, куна, глаголица, Дубровник, карта на Хрватска како опции

Понудените мотиви се карта на Хрватска, шаховска табла, куна, Дубровник и глаголицата. Хрватите можат да гласаат и да изберат некој од понудените мотиви, како и да го испратат својот предлог доколку не сакаат некој од понудените.

Премиерот Андреј Пленковиќ и гувернерот на хрватската Народна банка, Борис Вујчиќ  одржаа седница на Националниот совет за воведување на еврото.

“Влегувањето во еврозоната е обврска што ја презеде Хрватска со договорот за пристапување во ЕУ“, рече Пленковиќ, кој истакна дека воведувањето на еврото ќе им донесе на граѓаните и економијата голем број предности.

Фото: euro.hr