Шангај го добива најдолгиот испечатен бетонски пешачки мост

18

Фото: Pixabay

Најдолгиот испечатен бетонски пешачки мост е завршен во Шангај, пишува ArchDaily. Овој мост, чија должина е 26,3 метри, го дизајнираше професорот Ксу Веигуо од Универзитетот Синхуа.

Структурата на мостот беше креирана со користење на 3D систем за печатење бетон. Овој систем во исто време овозможува дигитален развој, ефикасност на трошоците, паметна технологија и архитектонка динамика.

Телото на мостот е составено од 44 испечатени бетонски единици, додека оградите се поделени на 68 единици.