Тим Бојл, претседател и извршен директор на компанијата Columbia Sportswear Company, ќе ја намали својата плата на 10.000 долари, за вработените продолжат да добиваат плата за време на кризата со коронавирус.
Неговата одлука да ја намали својата плата доаѓа откако Columbia Sportswear како и многу продавници низ Северна Америка, ги затворија вратите поради коронавирусот.
“Околу 3.500 вработени во малопродажба кои се изложени на ризик да ја загубат работата, сепак ќе добиваат редовни плати“, изјави директорката за корпоративни комуникации Мери Елен Глин. Најмалку 10 директори на компанијата доброволно се откажале од 15% од својата плата, додаде таа.
Компанијата опстојува на пазарот 81 година. Инаку, оваа компанија и претходно имала кризи, но ги надминувал со тоа што сите останувале заедно. Тоа е културата на компанијата, велат од компанијата.
Бојл заработи 3,3 милиони долари во 2018 година.
Фото: Pixabay