Шефот е поважен за вашето здравје од матичниот лекар

84

Според најновите истражувања, тројца од четворица вработени не се задоволни од својата работа, а седум од осум работодавачи не преземаат ништо по ова прашање, вели американскиот бизнисмен Боб Чепмен, пренесува Екапија.

“Шефот е поважен за вашето здравје од вашиот матичен лекар, бидејќи 74% од вкупниот стрес е предизвикан од проблемите на работа, додека уште од претходно е познато дека срцевите удари се побројни за 20% на почетокот на работната недела“, вели Чепмен.

Тој го претставува моделот на хумано лидерство (human leadership) и се залага традиционалната пракса на управување да биде замената со лидерство што подразбира грижа за работниците, како и совесен и одговорен менаџмент.

Овој модел на лидерство, како што се наведува, почнал да се применува во неговата компанија Barry Wehmiller, којашто е водечка во индустрија на пакување, инженерство и ИТ консалтинг, а којашто од 80-тите години до денес достигнала вредност од 20 милиони до 2,5 милијарди долари.

“Моја визија е идните бизнис лидери, а сега студенти по економија и бизнис ширум светот да ги ‘разбудам’. Да се води тим, компанија и луѓе е привилегија, но потребни се вештини и храброст. На идејата за хумано лидерство дојдов по неколку децении работа во бизнис и по големото животно искуство“, вели Чепмен.

Тој смета дека поголемиот број на сопственици на компании сака да го промени класичниот однос на релација компанија – вработени, но најчесто не знае како. Дури 65% од вработените повеќе би сакале да видат како нивниот шеф добива отказ одошто да добијат покачување на плата, 58% од вработените велат дека повеќе би му верувале на странец, одошто на својот шеф што, според Чепмен, е поразително.

“Сакам мантрата ‘фала Богу што е петок’, да ја заменам со мантрата ‘фала Богу што е понеделник’“, вели тој.

Фото: Pixabay