Шефот на BioNTech откри кога можеме да очекуваме враќање во нормалниот живот

123

Пандемијата на коронавирусот, која целосно ги смени животите во целиот свет во последните повеќе од една година, сигурно нема да заврши оваа година.

Без оглед на тоа што моментално во поголемиот дел од светот процесот на вакцинација е започнат и трае, а некои од земјите можат да се пофалат со прилично добри резултати од запирање на заразата, сепак за крајот на пандемијата треба да почекаме.

Во некои делови од светот пандемијата и натаму е на врвот од своето беснеење.

Говорејќи на The Wall Street Journal CEO Council Summit, извршниот директор на фармацевтската компанија BioNTech, Угур Сахин, откри кога светот може да биде ослободен од заштитните маски, карантин и затворање и да се врати во нормалниот живот.

Мора да се обезбеди навистина висок степен на покриеност со вакцинацијата ширум светот. Во спротивно, никој нема да биде сигурен, рече Сахин, додавајќи дека пандемијата ќе заврши само кога целиот свет ќе го достигне нивото на имунитет на стадо.

До средината на 2022 година, дури и многу густо населените региони, како што е Индија, може да постигнат висок степен на вакцинирање и имунитет. Во следните 12 месеци ќе видиме дека сè поголем број на индустриски, сиромашни и земји во развој ќе успеат да ја постигнат оваа цел, додаде Сахин.

За да се постигнат овие цели ќе биде потребно да се зголеми производството на вакцини, но исто така и да се започне со мешање на различни вакцини против Ковид-19.

“Колку повеќе вакцини имаме, толку подобро… Теоретски можеме да ги мешаме, бидејќи на крајот на денот нашата цел е да постигнеме имунитет на стадо. Ние сакаме да имаме што повеќе вакцинирани лица“, додаде Озлем Туречи, коосновачка на компанијата и главен лекар во BioNTech.

Таа исто така откри дека се во преговори со Кина да видат дали вакцината Pfizer / BioNTech ќе биде достапна таму како еден вид додаток на кинеските вакцини, особено за вакцинирање на стари лица.

Фото: Pixabay