Шефот на Нетфликс ја поддржа Камала Харис, но набрзо зажали

136

Бројот на луѓе кои ги откажуваат претплатите на Нетфликс е речиси тројно зголемен откако шефот на стриминг гигантот ја поддржа кампањата на Камала Харис.
Нетфликс доживеа бран откажувања откако Рид Хејстингс, ко-основачот и претседател на Нетфликс, објави јавна поддршка за изборната кампања на актуелниот американски потпретседател, пишува британски Телеграф.

Напливот на отпишувања дојде откако Рид Хестингс објави порака на X, порано Твитер, честитајќи на Камала и додаде: „Време е за победа!“

Технолошкиот милијардер изјави за The Information дека донирал дури 7 милиони долари за кампањата.

Јавната поддршка беше дочекана со бес од многу поддржувачи на Трамп кои повикаа на бојкот на услугата. Многумина објавија фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како ги откажуваат своите претплати со хаштагот #CancelNetflix.

Напливот на откажувања, исто така, се смета дека делумно се должи на одлуката на компанијата постепено да го укине својот основен пакет – најевтината верзија на Нетфликс без реклами – при што корисниците се охрабруваат да изберат нов план за продолжување на преносот.