
Руската рубља благо ќе зајакне до крајот на оваа година, а основниот курс ќе биде меѓу 85 и 90 рубљи за долар, изјави директорот на Сбербанк, Герман Греф.
Аналитичарите сметаат дека курсот на рубљата е поддржан од продажбата на странски валути од страна на извозниците, како и строгата монетарна политика на Централната банка на Русија, особено високата референтна каматна стапка.
Сбербанк очекува рекорден профит во 2023 година и за себе и за банкарскиот сектор во целина и се надева на рекордни финансиски перформанси во 2024 година, рече Греф, кој денеска беше реизбран на чело на Сбербанк со четиригодишен мандат.