Шефот на Stellantis предупредува: Тарифите за кинеските електрични автомобили нема да го решат проблемот – само најсилните ќе преживеат

56

Стелантис очекува голема битка со кинеската конкуренција на европскиот пазар на електрични возила, но тарифите нема да го решат проблемот и би можеле да ја поттикнат инфлацијата, предупреди во средата извршниот директор на мултинационалната автомобилска групација Карлос Таварес.

Тарифите за увоз на кинески возила во Европа и САД „се голема замка за земјите што ќе одлучат да ги увезат“, а западните производители на автомобили нема да бидат поштедени од реструктуирање наспроти поевтината кинеска конкуренција, рече Таварес.

Во исто време, тие можат само да ја поттикнат инфлацијата во регионите што ги воведуваат и потенцијално да ја притиснат продажбата и производството, додаде шефот на Stellantis.

На 5 јуни, Европската комисија ќе објави прелиминарна одлука за потенцијалните царини за увоз на кинески електрични возила, а САД веќе објавија 100 отсто царини кои треба да го запрат увозот. Пекинг, од друга страна, се закани со реципрочни мерки.

Борбата со конкуренцијата и обидите да се апсорбира 30-процентната трошковна предност на Кинезите имаат и социјални последици. Владите во Европа во моментов не сакаат да се соочат со овој факт, предупреди извршниот директор на Стелантис.

Битката за цените со азиската конкуренција ќе биде жестока, потенцира Таварес, додавајќи дека веќе е започнат периодот во кој опстојуваат само најсилните.