Шефот на СЗО во карантин

18

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебресиус рекол дека е идентификуван како контакт со лице кое било позитивно на Ковид-19 и поради тоа мора да биде во карантин.

Тој додал дека се чувствува добро и нема симптоми.

“Идентификуван сум како контакт на лице кое имало позитивен тест на Ковид-19. Добро сум и немам симптоми, но следните денови ќе бидам во карантин, согласно протоколите на СЗО и ќе работам од дома“, напишал тој на Twitter.

Фото: Twitter