
Британскиот нафтен гигант „Шел“ денес го објави својот најслаб квартален профит за речиси пет години, со прилагодена заработка од 3,26 милијарди долари во четвртиот квартал од 2025 година, што е под очекувањата на аналитичарите од 3,53 милијарди долари.
Поради пониските цени на нафтата и неповолните даночни прилагодувања, компанијата го забележа најслабиот резултат од првиот квартал од 2021 година, објавува CNBC.
Вкупната заработка на „Шел“ за целата 2025 година изнесуваше 18,5 милијарди долари, што е значителен пад во однос на 23,72 милијарди долари една година претходно.












