Шел предупредува на пад на профитот поради падот на цените на нафтата и гасот

24

Нафтениот и гасниот гигант Шел, исто така, ги предупреди инвеститорите дека неговиот профит паднал во вториот квартал, по сличната изјава на конкурентот Ексон претходно оваа недела.
Иако резултатите допрва треба да бидат објавени на 27 јули, лондонската „Шел“ соопшти дека очекува профитот од тргувањето со гас да биде значително помал отколку во првиот квартал.

Шел е најголемиот светски трговец со течен природен гас. Нафтените компании имаа рекордна 2022 година, бидејќи цените на енергијата пораснаа кога Русија ја нападна Украина, предизвикувајќи загриженост дека снабдувањето од една од водечките земји производители во светот ќе биде прекинато. Сепак, Русија продолжи да извезува нафта и гас главно во азиските земји, дури и во услови на строги санкции од Европа и САД, а цените на овие енергетски производи оттогаш паднаа.

Фото: Pixabay