Shell ќе бара нафта и гас во БиХ

86

ShellВладата на Федерацијата на Босна и Херцеговина вчера донесе одлука со која Договорот за концесија за истражување на нафта и гас во Динаридите го прогласи од стратешки интерес, а интерес за концесија искажала нафтената компанија Shell, пишува Seebiz.

Владата на ФБиХ му дала согласност на министерството за енергетика, рударство и индустрија да покрене постапка за доделување договори за концесија за истражување и експлоатација на нафта и гас преку директно преговарање.

Холандската компанија Shell уште во септември 2011 година во владата на ФБиХ искажа интерес за концесија. Вториот по големина нафтен гигант во светот, во 2011 година потпиша Меморандум за разборање со владата и договорено е доколку Shell најде залихи на гас и нафта, да почне со експлоатација во 2015 година.

Проценките покажуваат дека на подрачјето на Динаридите, залихите на нафта се наоѓаат на длабочина од четири до осум километри.