Фото: Facebook
Британско – холандската компанија за нафта и гас, Royal Dutch Shell, најави дека платите на директорите ќе бидат директно поврзани со нивото на емисија на штетни гасови, пишува Fortune.
Оваа мерка е во рамки на краткорочните цели на компанијата насочени кон долгогодишната амбиција за “нула емисија на јаглерод диоксид“. Според планот, колку ќе биде “позелен“ Shell, толку и платите на директорите ќе бидат повисоки.
“Shell ги цени долгорочните односи со институционалните инвеститори и ја потврдува позитивната улога што може да ја игра тековниот ангажман. Shell ја признава и ја почитува важноста што нејзините инвеститори ја потенцираат кога се во прашање климатските промени, а исто така, се согласува дека и успехот на Shell ќе зависи од способноста за справување со ова прашање“, велат од компанијата.