Шест банки “паднаа“ на тестот на ЕЦБ

27

Шест од вкупно 109 контролирани главни банки од евро зоната не ја поминаа годишната контрола на Европската централна банка (ЕЦБ) за 2019-та година.

“Задоволни сме од вкупното ниво на адекватност на капиталот од институциите под наш надзор“, изјави Андреа Енри, главен шеф на банкарската супервизија на ЕЦБ.

Имињата на банките не се споменуваат, само се потенцира дека само една банка во 2018-та година не го поминала тестот на ЕЦБ.

При анализата, контролорите од Европската централна банка воочиле потешкотии со корпоративно управување, каде што се забележува пад. Во поголемиот број банки, управувањето е неефикасно, а интерните контроли на ниско ниво.

Исто така, 40 финансиски институции мора да преземат конкретни мерки за да ја зголемат ликвидноста.

Фото: Pexels