Шест навики на Илон Маск за поголема продуктивност

269

Еден од најпознатите и најуспешните претприемачи во светот, Илон Маск, се води од неколку свои гледишта кога презема акции, кога иновира и гради односи со луѓето. Како извршен директор на компаниите Tesla и  SpaceX и претседател на SolarCity, секојдневието на Илон Маск е исполнето со многу обврски. Еве што овој претприемач “тежок неколку милијарди долари“ прави за секој ден да му биде максимално продуктивен, пишува Inc.

Не одговара веднаш на електронска пошта

Маск не одговара на електронска пошта веднаш. Ги избегнува телефонските повици кога може и на тој начин успева да се држи до својот распоред. “Многу сум добар кога станува збор за конверзација преку електронска пошта, тоа е моја главна предност“, вели Маск.

Намерно недостапен

Луѓето кои не се негови вработени, односно колеги не може лесно да дојдат до него. Тоа важи и за неговата мејл адреса, па така не мора да губи време на прегледување на барања, молби и слично.

Мултитаскинг

Тој работи повеќе работи истовремено. Обично групира ист вид на задачи и ги работи наизменично. На пример, зборува на мобилен телефон за време на состанок и праќа електронска пошта додека проверува сметки.

Оптимизирана агенда

Маск секогаш се труди да го оптимизира својот распоред. “Постојано размислувајте како можете да ги направите работите подобро и прашувајте се себе си“, вели тој.

Учење

Маск настојува да ја разбере причината за секоја научна теорија или правила. Со тоа го намалува времето кое би го потрошил за учење на нови концепти.

Доволно сон

Иако работи напорно и многу, Маск спие по шест часа.

Фото: Twitter