Шест понуди за Телеком Србија

9

Telekom-Srbija-580x314

Министерот за трговија и телекомуникации Расим Љајиќ вели дека за купување на Телеком Србија стигнале шест понуди и дека главно станува збор за понуди на инвестициски фондови, јавува РТС.

Во тек е втората фаза од постапката на приватизација, кога се анализираат понудите. Оваа фаза трае 14 дена. Понудите ќе ги анализира комисија и ќе даде конкретен предлог. Доколку се најде адекватен понудувач, ќе започнат преговори што траат 30 дена.

Според министерот, доколку се продаде Телекомот, работниците ќе добијат отпремнини и тоа највисоки отпремнини што ги добило некое јавно претпријатие.

Најголем акционер на Телекомот е државата Србија со 58,11% акции, 20% акции се во сопственост на компанијата, 14,95% поседуваат граѓаните, а 6,94% вработените и поранешни вработени во фирмата.

Последниот обид на српската влада да го продаде операторот не успеа во 2011 година, откако како премногу ниска, ја отфрли понудата од 1,1 милијарди евра од Телеком Австрија за 51%.