Шест трикови за одлична мејл комуникација

41

tastatura

Фото: Pexels

Мејлот не е уметност, но секако е начин на изразување и може да открие многу за вас. Кога испраќаме мејл, честопати правиме несвесни грешки без кои пораката би била совршено пренесена.

Затоа еве што (не) треба да правите:

Потврдете дека сте ја добиле пораката

Можеби на прв поглед ќе ви се чини како губење на време, но постојат одредени ситуации кога морате да го потврдите приемот на мејлот. Ако некој организира состанок, ве вика на работа, на интервју/тестирање за работа и слично, морате да одговорите. Во спротивно другата страна ќе мисли дека има проблем.

Исфрлете барем еден збор

Пред да стиснете Send, поминете уште еднаш низ мејлот и исфрлете барем еден збор. Решете се од непотребните зборови коишто можат само да делуваат збунувачки и да бидат протолкувани на погрешен начин.

Потписот треба да е едноставен

Вашето име е сосема доволно, освен ако не сте академик и морате да ја потврдите вашата стручност. Потписот нека биде краток и едноставен за примачот да може лесно да го пронајде вашиот телефонски број и адреса.

Без заобиколување

Ако пишувате долг вовед, престанете веднаш и немојте да спомнувате реченици од типот на: Знам дека сте многу зафатени, но… Наместо тоа преминете на тоа што ве интересира и помогнете зафатената личност брзо да ја разбере пораката. Кратки концизни мејлови се секогаш подобро примени и даваат добри резултати.

Одбегнувајте разговорен стил

Експертите советуваат да се избегнува разговорниот стил без разлика дали станува збор за пишана или усна форма. Целта е сите да разберат и на едноставен начин да се каже тоа што се мисли. Едноставноста е секогаш полн погодок.

Не одолговлекувајте

Не заборавајте како луѓето ги читаат мејловите – набрзина гледаат и го движат глувчето горе доле. Ако ставате премногу информации на крајот, само ќе го отежните прелистувањето и ќе одземете некому време. Затоа бидете кратки и на крајот потпишете се и испратете.