На 26 ноември ќе се одржи шестио FMCG Summit 2020, во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг.
Станува збор за најголемиот трговски настан во Македонија, кој едуцира, информира и ги обединува професионалците од секторот. Самитот се одржува еднаш годишно и секоја година има над 350 посетители. Годинава истиот ќе се одржи онлајн и ќе може да се следи бесплатно само на 26 ноември.
Ексклузивен гостин – говорник е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, жената нареченa “гуру за реинвенција“ и “кралица на повторното откривање“.
Говорници се:
– Антонио Зрилиќ, експерт за Supply Chain и логистика и основач на компанијата Логико
– Кина Демирел, директор за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş.
– Иван Крушковиќ, SEFF Commercial Leader Adriatic’s во Нилсен
– Митка Мојсовска, финансов директoр на КОЛА Скопје
– Ана Јелачиќ, партнер и сениор фасилитатор DesignThinkers Academy Adriatic
– Петар Ќорлука, сопственик на Виолета, БиХ
– Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, консултант и поранешен директор за набавка во Mercator S и Delhaize
– Поликарп Арсеновски, основач и генерален менаџер на THRIVITY
– Филип Станковиќ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија.
Пријавување е бесплатно на следниов линк http://fmcg-summit.mk/#service.