Шестиот пакет мерки тежи 17,8 милиони евра, a насочен e кон 12 категории на дејности

62

Шесттиот пакет мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени.

Опфатени се 12 категории на дејности меѓу кои угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции.

На угостителските објекти ќе им бидат покриени 30 % од приходите. Дополнително ќе добијат по 15.200 денари финансиска поддршка за секое вработено лице за што ќе бидат одвоени 9,9 милиони евра со која ќе бидат опфатени 6.000 угостителски објекти со околу 17 илјади вработени.

Со околу 2,5 милиони евра ќе бидат поддржани приватните детски одмаралишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свадби, индустријата за организација на настани, фитнес центрите и фотостудијата.