Шибер системи – прилагодливи и естетски решенија

314

Шиберските системи се еден од најважните елементи во модерните, функционални места за живеење. Лесно се прилагодливи за да можат во целост да го оптимализираат целокупниот простор. Претставуваат одлични решенија да го издекорирате, но и да му дадете посебен шарм на Вашиот дом.

glavna

Ви го претставуваме BRIDGE 500 – Шибер систем со механизам за меко затворање

Уникатен лизгачки систем за плакари со механизам за меко затворање.

Врвен дизајн и беспрекорна елеганција, достапен во две бои на профилите: алуминиум, црна во висок сјај. Единствен по својата естетска вредност, која нуди можност за вертикална и хоризонтална поделба на вратите. Погоден за најразлични видови на исполна од стакло, иверка, панели.

Picture 170

Во комбинација со високо квалитетните дизајнерски исполни од Prestige добивате совршена комбинација за Вашиот плакар.

Иако профилите се изработени за исполни од 8-10 мм, алуминиумот како материјал е познат по својата цврстина. Затоа како исполна може да ставите и панел со поголема дебелина. Наеднаш ви се отвора голема можност во изборот на исполна за Вашиот шибер систем да ја вклучите нашата широка палета на еднобојни, дрвни и фантазиски дезени со дебелина од 16 мм.

BRIDGE600 – Шибер систем со механизам за меко затворање

Ова е италијански шибер систем за врати на плакари кои можат да бидат со или без алуминиумски профили, додека дебелината на вратите може да биде 18 или 19 мм, податок кој јасно кажува за цврстината на овој систем.

bridge600

Вертикалните профили, кои служат како рачки, имаат едноставен, но естетски дизајн и може да ги најдете во сив алуминиум и црн алуминиум во висок сјај. Хоризонталните Т-профили служат да ја поделат вратата во два или три поделока, која, покрај можноста за комбинирање на дезените на исполната, отвора можност и лесно да го промените шаблонот на вратата.

Повеќе шибер системи

ersas400

ersas600

abak100

            ERSAS 400                              ERSAS 600                          ABAK 100

footer_soloprom