Shine bright like a diamond – извезени дијаманти вредни 107,4 милијарди долари

109

Извозот на дијаманти минатата година имаше вредност од 107,4 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозник број еден на дијаманти во светот е Индија со 21,9 милијарди долари или 20,4% удел во глобалниот извоз во текот на 2019 година. Меѓу петте најголеми извозници на дијаманти во светот лани беа и: САД (17,7 милијарди долари). Хонг Конг (14 милијарди долари), Белгија (11,8 милијарди долари) и Израел (11,3 милијарди долари.

Од регионот, Бугарија е 50-та според извоз на дијаманти со 6,3 милиони долари. Потоа следат: Грција (730.000 долари), Хрватска (129.000 долари), Србија (42.000 долари) и Албанија (5.000 долари).

Фото: Pixabay