Шише вода во Норвешка чини над две, во Тунис 0,22 евра

89

Едно шише вода од 1,5 литри во маркет во Норвешка се продава по цена од 2,15 евра, додека истата количина флаширана вода во Тунис чини само 0,22 евра.

Според податоците на Numbeo, меѓу земјите во коишто за едно шише од литар и пол вода треба да се одвојат над 1,5 евра се: Коста Рика (1,90 евра), Хонг Конг (1,63 евра), САД (1,61 евра), Канада (1,54 евра) и Исланд (1,53 евра).

Од земјите во регионот, најскапа е водата во Грција (0,76 евра), по што следи Словенија со цена на флаширана вода од 0,70 евра. Во Црна Гора вода од 1,5 литри се продава по цена од 0,56 евра, во Босна и Херцеговина достигнува 0,51 евра, а во Бугарија 0,47 евра. Србија е земја во којашто литар и пол вода се продава по цена од 0,44 евра, во Албанија 0,43 евра, додека просечната цена на флаширана вода во Македонија е 0,39 евра.

Освен во Тунис, флашираната вода е најевтина и во: Алжир (0,24 евра), Бангладеш, Египет и Непал (0,28 евра).

Фото: Pixabay