Шкаро – хрватски робот што може да носи 800 килограми товар

29

Фото: Facebook

Хрватскиот старт – ап, Gideon Brothers го создаде автономниот логистички робот со прекар Шкаро, пишува Јутарњи лист.

Станува збор за автономен логистички робот што може да пренесе 800 килограми товар, а неговиот дизајн овозможува безбедно маневрирање околу луѓе и други подвижни постројки. Шкаро има облик на кутија, којашто има широк механизам за кревање товар.

Роботот е опремен со систем за автономија што се темели на визуелна перцепција, а комбинира технологија на длабинско учење со стереоскопски камери, со што се формира нова генерација на роботи што се стабилни, поевтини и побогати со податоци. На кратко, овој робот е свесен за околината и може да се движи самостојно слично како самоуправувачките автомобили.

Компанијата Gideon Brothers ја основаше Матија Копиќ, кој претходно го основаше и го продаде стартапот Farmeron. Станува збор за една од најголемите компании специјализирани за роботика и автономна технологија во југоисточна Европа.