Шкода би можела дел од производството да премести во Србија?

11

skodaЧешката компанија Шкода е заинтересирана дел од производството да премести во Србија, изјави министерот за градежништво и урбанизам, Велимир Илиќ по бизнис форумот Чешка – Србија што вчера се одржа во Стопанската комора на Србија, пишуваат српските медиуми.

Илиќ му предложил да чешкиот министер за индустрија да ја разгледа идејата автомобилите на Шкода да се доработуваат во Србија. Според Илиќ, генералниот застапник на Шкода за Србија е подготвен во своите погони да доработува и вградува дел од елементите на возилата на шкода кои би се изработувале во Србија, затоа што веќе го правеле истото за Застава од Крагуевац, а сега и за Фиат.

“Со тоа автомобилите на Шкода би биле поевтини за граѓаните на Србија”, вели Илиќ, пренесува Танјуг.