Фото: Skoda
За најголемиот производител на чешки автомобили Шкода, 2017 година беше рекорд со произведени 1,25 милиони возила и нето добивка од 1,27 милијарди евра, објавија од компанијата.
Компанијата од Млада Болеслав, којашто работи од почетокот на 90-тите години, како дел од групацијата Volkswagen и често се спомнува како најуспешен пример за приватизација, во 2017 испорачала рекордни 1.200.500 возила, што е за 6,6% во однос на претходната година.
Нето добивката достигна 1,274 милијарди евра или 34% повеќе, а приходите се зголемиле за 20% на 16,6 милијарди евра. Најголемите купци на Шкода во 2017 година биле Кина со 325.000 возила, а во Германија се испорачале 173.300 различни модели.
Најуспешен модел, и покрај мал пад на побарувачката, останала Oktavia, со вкупно произведени 418.800 автомобили, на второ место е Rapid со произведени и продадени 211.500, а на трето место се најде Fabia со зголемување на производството од 2,1%, односно се произвеле и продале 206.500 возила.
Просечната бруто-плата во компанијата изнесува 1.620 евра, а минатата година работниците добиле двоен бонус од 3.600 евра.