Шкода ќе лансира шест нови модели во 2013 година

31

skoda

Фото: Pixabay

На својата Facebook страна Шкода објави план според кој во новата година на купувачите ќе им понуди шест нови модели автомобили. Три од новите модели се веќе познати, а останатите три се чуваат во тајност.

Во Франција првиот модел Škoda Rapid ќе почне да се продава од овој месец. Моделот својата светска премиера имаше на авто-салонот во Париз, во септември 2012.

Следно ќе биде лансирањето на третата генерација на моделот Škoda Octavia, која ќе има саемска премиера во Женева, во март 2013. Лимузината се очекува набрзо потоа да се најде и на Европскиот пазар.

Во јуни 2013 Шкода ќе ја претстави својата караван верзија на моделот Octavia Combi. За останатите три модели кои се тајна, премиерите се закажани за август, октомври и декември 2013 година.