Шкотска ги забранува пластичните стапчиња за чистење уши

50

stapcinja-za-usi-pixabay

Фото: Pixabay

Властите во Шкотска планираат да забранат производство и продажба на стапчиња за чистење уши, пишува BBC.

Целта на оваа мерка е намалување на загадувањето од пластичен отпад во земјата.

“Канализационата мрежа во Шкотска собира и третира околу 945 милиони литри отпадна вода секој ден. Овој систем не е осмислен да отстранува пластични предмети, како што се стапчињата за уши, што може да им наштетат на морските животни“, вели Росеана Канингам, државна секретарка за животна средина.

Пластичните стапчиња за уши се меѓу десетте предмети што најчесто може да се сретнат низ плажите во Шкотска.