Шкотска продава остров по цена на стан во Лондон

103

Цел ненаселен остров наречен Инчконахан се продава во Шкотска.

Предложената цена е 500.000 фунти (околу 560.000 евра), колку што чини еден стан во Лондон, пишува Guardian.

Островот се наоѓа во центарот на Лох Ломонд во северозападна Шкотска. Површината на територијата покриена со густа вегетација е 42 хектари.

Никој не живее на островот последните 20 години, до којшто може да се стигне само со чамец. На тој начин, тоа е идеално место за оние кои сакаат да се изолираат.

На него има и помала дрвена куќа, која е изградена во 1920 година. Бидејќи не може да се санира, дадена е согласност за нејзино рушење и изградба на нова куќа со пет спални соби. Покрај тоа, се планира да се изгради помала колиба и пристаниште.

Фото: Facebook