Шкотска, САД и Ирска лидери во производство на виски

218

Вискито е еден од најпопуларните жестоки пијалаци и дел од многу приватни и деловни прослави. Овој пијалак се добива од ферментирани житни растенија како јачмен, пченка, ‘рж и пченица. Во зависност од типот на виски се користи и различна култура.

Нето приходите од виски на глобално ниво изнесуваат 89,631 милијарди долари, додека производството е 56,9 милијарди литри.

Следниве земји се лидери во производство, продажба и извоз на овој алкохолен пијалак.

Шкотска

Земјата има околу 97 дестилерии и произведува 700 милиони литри виски годишно. Оваа индустрија во Шкотска придонесува и за многу работни места во регионите каде е сконцентрирано производството, како и за развој на туризмот со оглед на тоа дека некои дестилерии служат како туристички атракции.

САД

Соединетите Американски држави произведуваат околу 37 милиони пакети виски секоја година во своите 129 дестилерии низ земјата. Едни од најпознатите виски од САД се Jack Daniels и Jim Beam. Лани земјата произведе 477,4 милиони литри од овој жесток пијалак.

Ирска

Минатата година Ирска произведе 8,9 милиони литри виски, со што се најде на трето место на листата. Ирците користат тресет во процесот на производство, па ирското виски има помек финиш во споредба со земјените тонови на шкотското виски. Моментално во земјата има само седум дестилерии од коишто три се нови на пазарот.

Фото: Pixabay